Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2022/2023 година. Списокот со овие студенти е поставен овде. Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.
Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација. Кандидатите кои ги приложиле дипломите со поднесените документи и се ослободени се во следното решение за стипендисти на ФИНКИ. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат на 12.09.2022, со носењето на останатите документи.