Славе Темков е роден на 10.01.1999 година, во Кавадарци, Република Северна Македонија. Завршува основно училиште во Кавадарци, Република Северна Македонија, а во гимназијата СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ исто така во Кавадарци, на смер ПМА (Природно математичко подрачје - а) завршува средно образование со одличен успех. Своето образование во 2017 година го продолжува на додипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, на насоката Компјутерски науки и инженерство. Дипломира во мај 2022 година со просечна оценка 9.73, со дипломска на тема „Преглед на Magnolia CMS преку практична имплементација на веб сајт“, под менторство на проф. д-р. Иван Китановски.
Во учебната година 2022/2023 се запишува на магистерски студии на ФИНКИ, насока Софтверско инженерство.
Во октомври 2022 година е избран за демонстратор и изведува аудиториски и лабораториски вежби по предметите Алгоритми и податочни структури, Напреден веб дизајн, Програмирање на видео игри и Методологија на истражувањето во ИКТ.
Научните полиња од негов особен интерес се: наука за податоците, експертни системи и софтверско инженерство.