Почитувани колеги,
Според Статутот на ФСС ФИНКИ, студентите кои сакаат да се пријават на овогодинешните избори за студентски претставници, потребно е да се кандидираат на кратка студентска средба организирана од моменталното ФСС, а потоа да достават изјава до Архивата на факултетот.
Средбата за кандидирање ќе се одржи денес во 20:00 часот на овој линк. Изјавата е во соопштението (објавено на меил) и ја пополнувате за член или претседател, во зависност од тоа за што се кандидирате (на пример, ако се кандидирате за член, секаде каде што пишува член/претседател треба да пишува само член). Пополнетата изјава може да се достави физички во Архива или скенирана на arhiva@finki.ukim.mk, најдоцна до понеделник 3.4.2023 до 16:00 часот. Доколку некој не може да се вклучи на средбата вечер од оправдани причини, кандидатурата ќе ви биде валидна сè додека нè известите за отсуството на fss@finki.ukim.mk и однесете/испратите изјава до Архива.
Ги охрабруваме сите студенти кои сакаат да ги претставуваат колегите од својот смер, или би сакале да го претставуваат целото студентско собрание во улога на претседател/ка, да се пријават за тековните избори. Дел од задачите на членовите на ФСС вклучуваат:
- Залагање за интересите и потребите на студентите и реагирање на пријавени проблеми
- Организирање различни видови настани, работилници, забави итн.
- Соработка со Студентската служба при креирање распореди за предавања и испити
- Менаџирање на социјалните мрежи на ФСС ФИНКИ
- Учество во Наставно-научниот совет
- Учество во Универзитетското студентско собрание на УКИМ
Во текот на наредната недела ќе има дополнителна средба отворена за сите кандидирани студенти, на која ќе може да се претстават пред колегите и да елаборираат за што ќе се залагаат во рамки на ФСС. Потоа ќе има и можност за поставување прашања до кандидатите.
ФСС ФИНКИ