Им посакуваме добредојде на студенти!
Студентите кои тековно студираат на прв циклус на студии или на постдипломски студии на високообразовните институции во Република Северна Македонија и во странство, може да поднесат пријава за вршење практична работа од областа на економијата, правото и информатичките науки, и коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.
Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август, 2024 година.
Заинтересираните студенти потребно е најдоцна до 20 мај 2024 година, да достават:
Образец „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија“: (преземи)
Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и од студентот, заверена со печатот на Универзитетот и со потпис од овластеното лице, како и со потпис на студентот, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“;
Кон Пријавата потребно е да се достави:
- Упатница од страна на високообразовната институција за вршење на практична работа;
- Мотивационо писмо (кратко објаснување за областа од работењето на Народната банка за која сте заинтересирани).
Горенаведените документи да се достават на следнава адреса:
Народна банка на Република Северна Македонија
Дирекција за управување со човечките ресурси
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр.1,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Напомена: Пријавите кои ќе бидат доставени по истекување на горенаведениот рок, нема да бидат земени предвид.
За сите дополнителни информации, студентите заинтересирани за вршење практична работа во Народната банка, можат да се обратат на следнатa е-адреса: HRMDRazvoj@nbrm.mk
Ви благодариме на интересот и соработката!