Balkathon е регионален онлајн натпревар организиран од RCC од 2020 година. Balkathon 5.0 ќе се фокусира на нови, иновативни и бизнис-ориентирани дигитални идеи и решенија. Отворен е за тимови составени од луѓе до 35 години кои доаѓаат од Западен Балкан, а особено ги охрабрува да аплицираат и средношколските тимови. Ако сакате да ги претворите вашите идеи во ремек-дела, вие сте на вистинското место. Пријавете се со вашата идеја за Balkathon 5.0 и освојте една од наградите од наградниот фонд од 50.000 евра.

 

  • Учесниците можат да се пријават само како тим;
  • Тимовите се охрабруваат да бидат составени од членови кои живеат во повеќе од една економија (држава) од Западен Балкан;
  • Членовите на тимот не треба да бидат постари од 35 години;
  • Тимовите кои се натпреваруваат за главната награда се охрабруваат да бидат составени од квалификувани поединци како што се студенти; правни лица, вклучително и старт-ап; и невладини и образовни институции;
  • Тимовите од средните училишта можат да бидат составени како група средношколци од исти или различни средни училишта, со најмногу 7 члена.

 

Повеќе информации за натпреварот можете да добиете на линкот: https://www.rcc.int/balkathon/

1