Почитувани студенти,
Сите студенти кои слушале предмети во учебната 2023/2024 година, освен анкетите за евалуација на професори по предмети, задолжително треба да ја пополнат и анкетата за евалуација на факултетот која е поставена на anketi.ukim.mk, во делот Активни анкети - „за факултет“.
За најава на системот треба да се користи корисничкото име и лозинката од iKnow (пред да започнете со најава, потребно е да ја обновите вашата лозинка за профилот на iKnow).
Анкетите за самоевалуација се законска обврска и соодветно пополнувањето на истите е услов за заверка на претходниот и упис на следниот семестар.
Рокот за пополнување на анкетата е заклучно до 30.06.2024 година.
Доколку не ја пополните анкетата до зададениот рок, истото ќе мора да го направите при носење на документите за упис на семестарот со уплата на соодветна казна.