На 1 октомври 2024 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) беше домаќин на конференцијата Science|Business, која ја истакна важноста на интегрирањето на истражувачката инфраструктура на Западен Балкан во Европскиот истражувачки простор.
Конференцијата опфати дискусии за јакнење на капацитетите за истражување и иновации, создавање стратешки партнерства и спречување на „одливот на мозоци“. Покрај тоа, учесниците дебатираа за можностите на Југоисточна Европа да се поврзе со европската истражувачка мрежа.
Поддржана од Европската комисија и EIT Community, конференцијата обедини регионални и европски експерти.
На конференцијата учествуваше Д-р Анастас Мишев, редовен професор на ФИНКИ.
Конференцијата е прва од ваков вид, надвор од земјите на ЕУ.