Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември! На овој посебен ден, Универзитетот додели награди за најдобрите научници и уметници, признавајќи ги нивните врвни достигнувања во научноистражувачката дејност.
Со особена гордост ги објавуваме нашите добитници на награди:
- проф. д-р Димитар Трајанов, прогласен за најдобар научник на УКИМ за техничко-технолошките науки во 2023 година!
Професорите добитници на Плакетата на УКИМ за 2024 година, за објавени повеќе од 100 научни трудови, индексирани во базата Web of Science:
- проф. д-р Владимир Трајковиќ
- проф. д-р Ефтим Здравевски
Како и проф. д-р Марјан Гушев, за исклучителното достигнување во кариерата и меѓународно признаената извонредност, преку застапеност на Stanford University World's Top 2 % Scientists, на листата за достигнувања во целокупната кариера.
Честитки до нашите професори! Нивните успеси се инспирација за сите нас, и со нетрпение очекуваме уште поголеми достигнувања во иднина!