Мила Додевска е родена во Скопје, Република Македонија. Средното образование го завршила во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје, со континуиран одличен успех. Во 2019 година се запишува на додипломски студии на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство - насока Примена на информациски технологии. Дипломира во 2023 година, под менторство на проф. д-р Петре Ламески.
Во учебната 2023/24 се запишува на магистерски студии на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство, насока Софтвер за вградливи системи. Одржува аудиториски вежби и лабораториски вежби по предметите: Напреден веб дизајн, Мобилни информациски системи, Мобилни платформи и програмирање, Концепти на информатичко општество, Дигитални библиотеки, Дизајн на интеракција човек-компјутер, Медиуми и комуникации.