Конференција: НЕЕДНАКВОСТИ – Италијанскиот дизајн за подобар живот

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во рамки на Деновите на италијанскиот дизајн 2025, во соработка со Италијанската амбасада во Скопје (Ambasciata d'Italia in Skopje) и Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ) (BAU Accelerator), организира конференција на тема:

„НЕЕДНАКВОСТИ: ИТАЛИЈАНСКИОТ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ“

  • Датум: 21 февруари 2025 (петок)
  • Време: 12:00 - 14:00 часот
  • Локација: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - Мапа

За конференцијата

На конференцијата ќе бидат презентирани некои од најдобрите примери на италијански урбан дизајн кои се справуваат со нееднаквостите, урбаните иновации, урбаната технологија и одржливоста. Гостите ќе имаат можност да се запознаат со проекти развиени од водечките урбанистички институции, лично претставени од нивните директори.

Говорници и учесници

  • Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ
  • Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
  • Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Скопје
  • Данела Арсовска, градоначалник на Скопје
  • Александар Стамболиев, координатор на EIT RIS Hub во Р.С. Македонија
  • Проф. д-р Огнен Марина, Архитектонски факултет, КАРПИС УКИМ
  • Кјара Лукини, менаџер за регионален развој - Urban Lab Torino
  • Франческо Моска, директор на Digital Innovation Hub Piemonte
  • Родолфо Пинто, извршен директор на SuperUrbanity
  • Џовани Ботини, извршен директор на SYSTEMATICA

Бизнис акцелераторот УКИМ – EIT RIS Hub

Бизнис акцелераторот УКИМ стана EIT РИС Хаб (EIT Community North Macedonia) во 2023 година за Р.С. Македонија со цел да обезбеди поддршка преку ЕИТ повиците за финансирање и да поддржи проекти кои поттикнуваат развој на иновативни продукти и решенија, влез на нови пазари, проширување на производната линија и соработка со стартапи и академијата.

Пријава за учество

За присуство на конференцијата, ве молиме пополнете ја следната форма: Форма за регистрација

1