Access Granted CTF 2025

Синоќа се одржа интерен Capture The Flag (CTF) натпревар, на кој студентите ги одмерија своите знаења и вештини во областа на сајбер безбедноста, со цел обезбедување место во Универзитетскиот Hack The Box тим.

Натпреварот се состоеше од задачи од различни области на сајбер безбедност, а пријавените студенти работеа под временски притисок и во конкурентна атмосфера, демонстрирајќи не само технички знаења, туку и упорност, креативност и аналитичко размислување.

Врз основа на постигнатите резултати и рангирањето, ќе се формира универзитетскиот Hack The Box тим, кој ќе го претставува ФИНКИ и УКИМ на University HTB натпреварот следниов викенд.

Овој настан претставува уште еден чекор кон градење силна студентска заедница во областа на сајбер безбедноста, поттикнување на практично учење и препознавање на млади таленти.

Им честитаме на сите учесници за посветеноста и одличниот натпреварувачки дух. Секако, им посакуваме многу успех на оние кои ќе го продолжат патот како дел од универзитетскиот Hack The Box тим.

0