Родена е 1986 година во Куманово. Дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 год. Магистрирала на истиот факултет во 2010 година, со магистерска теза од областа на содржински базирано пребарување на слики од магнетна резонанца. Во текот на факултетското образование била континуирано наградувана за успешното студирање. Како најдобар студент од генерацијата е наградувана од Факултетот, универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, како и други фондации и е добитник на инженерски прстен од Организацијата на инженерите на Македонија. Таа своето прво работно искуство го стекнала на Европскиот универзитет на Факултетот за информатика во 2008 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје почнала да работи во 2008 година како демонстратор. Во моментот е одговорна за изведување на аудиториските и лабораториските вежби по предмети од областа на структурирано програмирање, објектно-ориентирано програмирање, интернет програмирање и кориснички интерфејси. Области на нејзин научно-истражувачки интерес се обработка на слики, податочно рударење, машинско учење, софтверско инженерство.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК