20 стипендии за Certified Ethical Hacker курсот (CEH v7) во Семос Едукација за пријавените од 1-ви Јуни до 10-ти Јули

EC-Council преку Семос Едукација во соработка со ФИНКИ обезбедува 20 стипендии за Certified Ethical Hacker курсот (CEH v7) за студенти на ФИНКИ кои ќе се пријават од 1-ви јуни и 10-ти јули. Семос Едукација покрива 58% од вкупната цена, а студентот плаќа 42% (670€). Плаќањето може да се изврши на 12 рати од по 55,83€.

Опис на курсот

Обуката ќе Ве воведе во интерактивна околина каде што ќе научите како да скенирате, тестирате, хакирате и да ги заштитите вашите системи. Лабораториските вежби ќе ви обезбедат знаење и практично искуство со постоечките основни безбедносни системи. Ќе почнете со разбирање на тоа како работат perimeter defenses и потоа ќе ги скенирате и нападнете вашите сопствени мрежи, при што ниедна вистинска и постоечка мрежа нема да биде нападната. Ќе научите и како напаѓачите ескалираат привилегии (escalate privileges) и кои чекори ќе се преземат за заштита на системот. 

 
Исто така, ќе научите и за Intrusion Detection, Policy Creation, Social Engineering, DDoS Attacks, Buffer Overflows и Virus Creation. Откако ќе ја поминете оваа интензивна десет дневна обука, ќе имате знаење и искуство за етичко хакирање.

Времетраење: 10 дена (40 часа)
Редовна цена: 1.590€

Вие плаќате: 670€
 
 /> </div>
<p> <br />
<div style=Испит

Оваа обука Ве подготвува за EC-Council Certified Ethical Hacker испитот 312-50. Испитот можете да го полагате во рок од 12 месеци по завршување на обуката. По успешно положување на испитот, ќе се стекнете со титулата CEH - Certified Ethical Hacker.

Испитот е вклучен во цената.

Пријавување

Рок за пријавување: 10.07.2011. Пријавите испраќајте ги по e-mail до Никола Николовски, на kursevi@semos.com.mk. Студентите при своето пријавување треба да достават:

  • Скенирана копија од индекс
  • Потврда на статусот студент издадена од факултетот на англиски јазик
  • Број на индекс