Во вторник, 05.07.2011 година, во рамките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ја презентираше мобилната апликација за паметни телефони со помош на која студентите ќе можат да ги плаќаат таксените марки.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ е првиот факултет кој го користи овој сервис за електронско плаќањето на таксени марки со мобилен телефон. Овој сервис ќе биде интегриран со сите студентски сервиси за кои е потребно да се платат таксени марки.
 
 /> </div>
<div> </div>
<p> Оваа мобилна апликација овозможува брзо и едноставно плаќање на таксени марки, при што на корисникот му нуди неколку предефинирани суми, но и можност тој самиот да одреди колкава сума ќе плати. Оваа опција е погодна во случаи кога е потребно студентот да плати повеќе таксени марки одеднаш, со што се овозможува плаќање на сите таксени марки со само еден клик.</p>
<div> Апликацијата може да се користи на Android телефони, iPhone, Blackberry, како и телефони со Windows Mobile оперативен систем. Во овој момент, за преземање е достапна само <a href=Android верзијата. За iPhone и Blackberry верзиите се чека на одобрување од официјалните мобилни маркети, додека Windows Mobile верзијата ќе биде поставена за преземање директно на веб страната на Министерството.
 
 /> </div>
<p>
<div> Апликацијата е издадена од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, а е изработена бесплатно од страна на <a href=Web Factory.
 
Фотографија: МИА