18/01/2012

Компанијата Дуна Компјутери објавува отворен конкурс за работно место програмер за iOS. Програмерот ќе има можност да работи на апликации како iZoo и iUltima на Дуна Компјутери, кои се достапни на Apple App Store.
Заинтересираните кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо на konkurs@duna.mk, со назнака „Апликација за iOS програмер“.
Потребни квалификации:
- основи на iOS програмирање
- одлични компјутерски вештини
- одлично познавање на англиски јазик
- ориентираност кон тимска работа, остварување на цели и запазување на рокови
- предност имаат студенти од ФИНКИ
