
Во понеделник, 4 јуни 2012 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Технолошки факултет) ќе биде презентирана нова веб страница на првиот портал за on-line огласување во Македонија - Vrabotuvаnje.com, понапредна и многу полесна за навигација и користење , чие идејно решение го изработи 4ward. Со ова, Vrabotuvanje.com влегува во една нова фаза од своето фунционирање, а тоа значи интеракција со своите корисници.
За прв пат со едноставна регистрација и креирање на свој профил секој поединец постојано ќе да биде известуван за нови огласи во областа на својата бранша. Апликацијата на огласите е значително поедноставна. Од сега секој кандидат ќе биде известен дали неговата апликација е прифатена или не. Повеќе нема да се чека на одговор, кој често никогаш и не го добиваат.
На порталот ќе можат да се најдат корисни совети за вработените за работобарателите и работодавачите. За прв пат на порталот ќе можат да се видат вистински видео приказни од луѓе кои своето вработување го нашле токму преку Vrabotuvanje.com.
Презентацијата на овој сајт е намерно одбрана да се случува на ФИНКИ, затоа што според податоците на оваа образовна институција, но и според статистиката на Vrabotuvanje.com, процентот на вработени дипломци од ФИНКИ е скоро 100%. Ова е вистински пример како секој невработен треба да се однесува кон себе и својата работа. Програмерите секојдневно се соочени со иновации на полето на технологијата и секојдневно се надоградуваат со нови знаења и нови вештини. Тие се свесни дека дипломата е важен документ, но свесни се дека вештините мора постојано да ги надоградуваат затоа што “времето ќе ги прегази“. Оваа професија е вистински пример како секој поединец треба да гледа на својата кариера: постојано учење и надоградување.
Овие податоци, пак, укажуваат на фактот дека оваа година ќе биде година на програмери.
Vrabotuvanje.com, како лиценцирана агенција за посредување при вработување, постои од 2005 година. Бројот на дневни посети на сајтот се движи над 6000, а бројот на луѓе кои до сега нашле работа преку овој портал изнесува над 2500. Освен со посредување при вработување, Vrabotuvanje.com се занимава и со привремени вработувања, тренинзи и обуки на нововработени.
Агенда на настанот:
- 10:00-10:10 - Пристигнување на гостите
- 10:10-10:15 - Отварање на прес конференцијата
- 10:15-10:25 - Обраќање на г-дин Дарко Велков, генерален менаџер на Vrabotuvanje.com
- 10:25-10:30 - Обраќање на д-р Димитар Трајанов, Декан на ФИНКИ
- 10:30-10:35 - Обраќање на претставник од 4ward, креатори на идејното решение за новиот изглед на Vrabotuvanje.com
- 10:35 - Коктел и неформално дружење
