12/09/2012

Почитувани, ФИНКИ и оваа година организира напревар во програмирање по урнекот на ACM ICPC. Натпреварот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ во лабораторија 200 на 11.09.2012 (вторник) со почеток во 10:00 часот.
Доколку сакате да учествувате со тим претставник на Вашиот Универзитет, Ве молиме да го пријавите тимот најдоцна до 10.09.2012 во 10:00 часот на следната адреса igor.kulev@finki.ukim.mk. Пријавата на тимот содржи имиња на тројца учесници со нивен број на индекс од Вашиот Универзитет.
ФИНКИ им посакува среќа на сите учесници на натпреварот.