12/09/2012

На ден 10.09.2012 (понеделник), при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во соработка со Министерството за образование и наука, Steljes Limited и SMART Technologies, се отвори SMART лабораторија за интерактивно учење и соработка.
Лабораторијата, која што претставува најголема училница од ваков тип во целиот Адриатички регион, е опремена со три интерактивни табли осетливи на допир, два таблети со висока резолуција и интерактивна маса, кои што овозможуваат интерактивно учење и соработка, но и развој на апликации за платформи инхерентно осетливи на допир.
Опремата, чија што вредност изнесува околу 60,000 евра, е донирана од SMART Technologies и Steljes Limited, a ќе биде достапна за сите образовни институции во Република Македонија. Дел од фотографиите од настанот можете да ги видите во продолжение.



