19/03/2013

Компанијата SolidPass објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Компанијата има потреба од програмери и инженери кои што се посветени на својата работа и имаат познавање од областа на објектно ориентираното програмирање, веб технологии, технологии во облак, безбедност на облак, енкрипција, безбедност при автентикација. Компанијата објавува конкурс за следните работни позиции: Andorid developer, iOS developer и Java developer. За подетални информации контактирајте со одговорните лица или на следната адреса: careers@solidpass.com.