Иницијативата Македонија 2025 го објавува својот прв веб семинар за лидерство. Предавач на семинарот ќе биде господинот Мајк Зафировски, кој на прославата по повод роденденот на ФИНКИ имаше инспиративно видео обраќање до студентите. Иницијативата ги поканува сите млади професионалци, претприемачи, менаџери и ентузијасти од целиот свет да им се придружат и да воспостават платформа за споделување на знаење и искуство. Веб семинарот ќе започне на 14 мај 2013 година во 15:30 часот (8:30 CDT). Подетални информации за веб семинарот можете да добиете на овој линк
 
Обраќањето на господинот Зафировски на студентите на ФИНКИ можете да го погледнете на овој линк.