Отворено е аплицирањето за летниот меѓународен академски курс 2013 организиран од БЕСТ Скопје и СП ФИНКИ. Овогодинешниот курс е на тема: “Невработен денес – претприемач утре”,а во него ќе се обработуваат теми од областа на креативно размислување, иновативни технологии и начини на нивна примена во светот на претприемништвото. Со успешното посетување на курсот покрај здобиените знаења, студентите ќе се здобијат и со 1 кредит. Единствени предуслови за аплицирање се студентите да се студенти на ФИНКИ во било која година и да имаат солидно познавање на англискиот јазик. Апликациите се важечки само со претходно пополнето CV во оваа база.

Не ја пропуштајте шансата да се бидете дел од 26те студенти од ФИНКИ кои ќе имаат шанса да се дружат со 25 студенти од странство, да размените искуства и да се здобиете со потребните вештини за да станете одлични претприемачи.

Курсот започнува на 2ри и ќе трае се до 12ти јули, а предавањата ќе се одржуваат во зградата на Хемискиот институт на Природно – Математичкиот факултет.

Пријавувањето се одвива на следната форма и трае до 23.06.2013 до 23:00 часот. За сите останати прашања и дополнителни информации можете да се информирате на оваа e-mail адреса.  

ФИНКИ, БЕСТ Скопје и СП ФИНКИ Ви посакуваат многу среќа!