Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство - Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ја изработија апликацијата „MK Guide“, која бесплатно беше дадена на Општина Охрид. Оваа апликација содржи многу културни знаменитости и други информации со кои посетителите подобро и полесно ќе можат да го запознаат градот. Откако корисниците ќе ја преземат оваа апликација во својот мобилен телефон, со насочување кон објектот пред кој се наоѓаат тие ќе добијат повеќе информации за неговата историја и неговото значење. Апликацијата исто така дава насоки како корисникот може да стигне до некои знаменитости кои што се во негова близина. Оваа апликација им помага како на домашните, така и на станските посетители полесно да ги откријат и да ги запознаат убавините и знаменитостите на Охрид. Апликацијата може да се преземе од Google Play Store или со скенирање на QR кодот кој се наоѓа на рекламниот флаер. Истата можете да ја најдете на овој линк
 
 /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
</body></html>