Во период од март до мај 2014 година Seavus ќе организира бесплатни Java курсеви кои ќе се одржат во просториите на компанијата.

Seavus ги поканува сите студенти кои се запишани на студии за информатички и компјутерски науки, дипломирани или во последна година на студии, да се пријават за курсевите и да бидат обучени Java програмери.

Курсевите ќе бидат составени од 4 часовни сесии одржани во 18 денови исполнети со интерактивни предавања и практични вежби, одржувани од обучени Seavus експерти. Учесниците на курсевите ќе бидат избрани преку тестирање (основи на програмирање, англиски јазик). На крајот на програмата учесниците ќе имаат шанса да бидат дел од Seavus тимот.

Курсевите ќе започнат на 25 март 2014 година и ќе бидат одржувани секој вторник, среда и четврток во период од 13 до 17 часот.

Аплицирањето се врши на овој линк, најдоцна од 07.03.2014 година. За повеќе информации за курсевите можете да го погледнете овој документ[PDF].
 
 /></a> </div>
<div> </div>
</body></html>