Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од 15 ноември отпочнува со реализирање на серија на бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број на студенти на УКИМ.

Серија на различни модули кои заедно се сплотуваат под името ЕЕСТЕК Академија отпочнуваат да се реализираат на техничкиот кампус на УКИМ. Предавањата на секој од овие курсеви ќе бидат на атрактивни теми, а нивната реализација ќе ја вршат гостински предавачи кои искуствено се поврзани со нив. Идејата за реализација на овој проект е на студентите да се понди моќно комплементарно образование надвор од академската програма, а се со цел да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој.

Повеќе информации можете да најдете во овој документ[PDF].