BiroFinger LLC е компанија специјализирана на полето на биометриските системи за идентификација и сигурносната опрема. Компанијата BiroFinger LLC објавува конкурс за практична работа со можност за вработување и ги поканува сите заинтересирани студенти да аплицираат.
Кандидатите треба да поседуваат следните вештини:

Изразена комуникативност и презентациски вештини, oрганизираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

Предност ке имаат кандидатите кои имаат познавања од областите на:

  • ASP.NET C#
  • CSS, HTML, JavaScript
  • развој на мобилни апликации
  • работа со ADO.NET и Oracle бази на податоци

Кандидатите за пракса треба да имаат желба да учат нови работи и да имаат одредени почетни знаења. На најдобрите практиканти ќе им биде понудена и можност на вработување по завршување на праксата во земјава и странство во преставништвата на BiroFinger. Компанијата нуди поволни услови за работа и флексибилно работно време.
Заинтересираните кандидати потребно е да го испратат своето CV на mladen@birofinger.com со назнака „За пракса“ најдоцна до 10.06.2015.