Протечното пресметување (Dataflow computing) привлекува големо внимание од неодамна, а посебно се интензивира според последните известувања на Google, кои го менуваат досегашниот приод за обработка на голем број податоци од Hadoop MapReduce кон Dataflow концепти (http://www.informationweek.com/cloud/software-as-a-service/google-i-o-hello-dataflow-goodbye-mapreduce/d/d-id/1278917).
 
Со цел практично да се совладаат концептите на протечно пресметување и да се обезбеди платформа за програмирање, во рамки на предметот Пресметување со високи перформанси се организира 4 часовен семинар (туториал) за обука за програмирање со Maxeler dataflow картичка на 13.11.2015 (петок) со почеток во 09 часот во амфитеатарот на ФИНКИ. На заинтересираните студенти ќе им биде доделена мотивациона задача од фирмата Maxeler и сите оние кои ќе ја решат ќе се здобијат со можност за интервју за работа. Најуспешните ќе бидат повикани на едно годишна пробна работа со платен превоз, сместување, исхрана и плата во Лондон. Заинтересираните студенти да се јават кај vladimir.zdraveski@finki.ukim.mk.