Настанот „Едно лето“ е организиран од страна на Слободен софтвер Македонија и Здружението на Јава корисници Македонија, а претставува проект направен со цел да се зголеми интересот за развој на слободен софтвер во Македонија. Настанот ќе се одвива во текот на летото 2011 година.
Заинтересираните кандидати можат да се пријавуват за учество во три различни категории:
- Project creator - лице кое го води проектот и има големи познавања од областа;
- Contributor - лице кои има големо искуство во програмирање со други технологии, но не и со таа која е потребна за проектот;
- Student - лице заинтересирано за даден проект кое има основни познавања дефинирани од Project creator кои се потребни за истиот проект, со тоа што студентот ќе добие ментор кој ќе го води низ проектот. Студентот, доколку биде прифатен, ќе стане и Contributor;
Крајниот рок за пријавување на учесниците е 31.05.2011 година. Листата на прифатени учесници ќе биде објавена на 05.06.2011 година, а почетокот на проектот ќе биде на 15.06.2011 година.
Повеќе информации за настанот „Едно лето“ можете да најдете на неговата официјална веб страна и на wiki страната на Слободен софтвер Македонија.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ги охрабрува сите свои тековни и идни студенти да учествуваат во овој проект, бидејќи на тој начин ќе се здобијат со драгоцено искуство и знаење кое ќе им користи во понатамошната професионална кариера.
Студентите на ФИНКИ кои успешното ќе ги завршат активностите и ќе работат на овие проекти, ќе можат овој ангажман да го искористат да им биде признаен како професионална пракса.