18/09/2011

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/12 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 12 септември до 30 октомври 2011 година.
За повеќе информации, посетете го делот „Уписи - Магистерски студии“.