Во рамки на предметот Надежност на софтвер од магистерските студии ќе се одржи покането предавање на тема 'Microsoft Dynamics AX 2012' во среда 16 мај 2012 со почеток во 18:00 часот во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет. Предавањето ќе го одржи г-дин Ристе Маревски од Infinite Solutions.
 

Ги покануваме сите заинтересирани студенти на ФИНКИ да присуствуваат на предавањето.  

 
За предавачот:
 
Ристе Маревски е дипломиран Инженер по информатика на ФЕИТ. Во моментов тој е студент на постдипломски студии по Софтверско инженерство на ФИНКИ и вработен во компанијата Infinite Solutions каде активно учествува во имплементации на ERP системи. Помеѓу позначајните проекти e имплементацијата на ERP систем во Министерството за одбрана/АРМ.
 

Во текот на работењето се има стекнато со меѓународно признати Microsoft сертификати од областа на имплементација на Dynamics AX 2009. Области од интерес се ERP системите, комбинаторна оптимизација и препознавање на облици. Во тој правец, има публикувано труд од областа на ERP системите на овогодинешната интернационална конференција за претприемаштво, иновација и регионален развој - ICEIRD 2012.