1.Општи информации

Додипломските студии по Интернет, мрежи и безбедност имаат за цел обезбедување на врвен информатички кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за мрежни инженери со практично знаење од областа на безбедност на информациите. Овие студии ќе продуцираат кадар наменет пред сé за дизајн и одржување на информациско - комуникациската инфраструктура во стопанството - со посебен акцент на компаниите кои во својата работа користат Интернет и други комуникациски инфраструктури. Покрај базичната инфраструктура, клучна точка на интерес е поставување и одржување на сервисите на повисоките нивоа кои се нудат во мрежна околина, и заштита на системите и корисниците од малициозни напади.

 

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока интернет,мрежи и безбедност
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока интернет,мрежи и безбедност

 

3. Наставна програма

Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.

Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:

  • Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
  • Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
  • Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.

Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.

Courses: 
Semester: 1
Mandatory Courses
Course Credits
Бизнис и менаџмент 6.00 Mandatory Courses
Вовед во компјутерските науки 6.00 Mandatory Courses
Калкулус 6.00 Mandatory Courses
Професионални вештини 6.00 Mandatory Courses
Структурно програмирање 6.00 Mandatory Courses
Semester:
Course Credits
Предмети-текст: 
*- изборниот предмет може да биде и предмет од Универзитетската листа | **-предмети предвидени за студенти кои запишуваат тригодишни студии