1.Општи информации
Додипломските студии по Интернет, мрежи и безбедност имаат за цел обезбедување на врвен информатички кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за мрежни инженери со практично знаење од областа на безбедност на информациите. Овие студии ќе продуцираат кадар наменет пред сé за дизајн и одржување на информациско - комуникациската инфраструктура во стопанството - со посебен акцент на компаниите кои во својата работа користат Интернет и други комуникациски инфраструктури. Покрај базичната инфраструктура, клучна точка на интерес е поставување и одржување на сервисите на повисоките нивоа кои се нудат во мрежна околина, и заштита на системите и корисниците од малициозни напади.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока интернет,мрежи и безбедност
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока интернет,мрежи и безбедност
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Бизнис и менаџмент | 6.00 | Задолжителни предмети |
Вовед во компјутерските науки | 6.00 | Задолжителни предмети |
Калкулус | 6.00 | Задолжителни предмети |
Професионални вештини | 6.00 | Задолжителни предмети |
Структурно програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дискретна математика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Компјутерски архитектури | 6.00 | Задолжителни предмети |
Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Основи на сајбер безбедноста | 6.00 | Задолжителни предмети |
Спорт и здравје | 0.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Бизнис статистика | 6.00 | Изборни предмети |
Калкулус 2 | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерски компоненти | 6.00 | Изборни предмети |
Креативни вештини за решавање проблеми | 6.00 | Изборни предмети |
Маркетинг | 6.00 | Изборни предмети |
Објектно ориентирана анализа и дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
Основи на веб дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Алгоритми и податочни структури | 6.00 | Задолжителни предмети |
Компјутерски мрежи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Основи на теоријата на информации | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет * | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Инженерска математика | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет програмирање на клиентска страна | 6.00 | Изборни предмети |
Напредно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Основи на комуникациски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Управување со техничката поддршка | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Безжични и мобилни системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Оперативни системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет * | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Вештачка интелигенција | 6.00 | Изборни предмети |
Визуелно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во екоинформатиката | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во случајни процеси | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет технологии | 6.00 | Изборни предмети |
Медиуми и комуникации | 6.00 | Изборни предмети |
Одржливи и енергетски ефикасни компјутерски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Софтверско инженерство | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Администрација на системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Бази на податоци | 6.00 | Задолжителни предмети |
Мрежна безбедност | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет * | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Веб програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Визуелизација | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во науката за податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Информациска безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерска етика | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерски звук, говор и музика | 6.00 | Изборни предмети |
Линеарна алгебра и примени | 6.00 | Изборни предмети |
Мултимедиски мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
Основи на роботиката | 6.00 | Изборни предмети |
Паралелно и дистрибуирано процесирање | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Администрација на мрежи / Изборен предмет** | 6.00 | Задолжителни предмети |
Виртуелизација / Дипломска работа** | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Агентно-базирани системи | 6.00 | Изборни предмети |
Безжични мултимедиски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вградливи микропроцесорски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во мрежна наука | 6.00 | Изборни предмети |
Дигитална форензика | 6.00 | Изборни предмети |
Дизајн на интеракцијата човек-компјутер | 6.00 | Изборни предмети |
Електронска и мобилна трговија | 6.00 | Изборни предмети |
Инфраструктурно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Континуирана интеграција и испорака | 6.00 | Изборни предмети |
Криптографија | 6.00 | Изборни предмети |
Мерење и анализа на интернет сообраќај | 6.00 | Изборни предмети |
Мултимедиски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Сервисно ориентирани архитектури | 6.00 | Изборни предмети |
Софтверски дефинирана безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дистрибуирани системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Пресметување во облак | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Администрација на бази на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Анализа и дизајн на ИС | 6.00 | Изборни предмети |
Веб базирани системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во биоинформатиката | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во паметни градови | 6.00 | Изборни предмети |
Дигитална постпродукција | 6.00 | Изборни предмети |
Дистрибуирано складирање на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Имплементација на системи со слободен и отворен код | 6.00 | Изборни предмети |
Иновации во ИКТ | 6.00 | Изборни предмети |
Машинска визија | 6.00 | Изборни предмети |
Методологија на истражувањето во ИКТ | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни информациски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни платформи и програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Мрежна и мобилна форензика | 6.00 | Изборни предмети |
Оптички мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
Софтверски дефинирани мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Дипломска работа | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дизајн на компјутерски мрежи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Блоковски вериги и криптовалути | 6.00 | Изборни предмети |
Веб пребарувачки системи | 6.00 | Изборни предмети |
Географски информациски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Етичко хакирање | 6.00 | Изборни предмети |
Интелигентни системи | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни апликации | 6.00 | Изборни предмети |
Моделирање и менаџирање на бизнис процеси | 6.00 | Изборни предмети |
Модерни трендови во роботика | 6.00 | Изборни предмети |
Напредни бази на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Напредни теми од криптографија | 6.00 | Изборни предмети |
Неструктурирани бази на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Претприемништво | 6.00 | Изборни предмети |
Складови на податоци и аналитичка обработка | 6.00 | Изборни предмети |
Споделување и пресметување во толпа | 6.00 | Изборни предмети |
Управување со ИКТ проекти | 6.00 | Изборни предмети |