Родена е 1966 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1988 и 1992 година, соодветно. Докторските студии ги завршила на Техничкиот универзитет во Виена, Австрија, во 1995 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје работи од февруари 1992 година, како помлад асистент, а во 1995 година e избрана за асистент. Во својата професионална кариера напредувала во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор во 1997, 2002 и 2007 година, соодветно. Во периoдот 2004-2008 година ја извршувала функцијата продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Автор е на стотина научни трудови од областа на компјутерската техника и информатика, девет трудови поврзани со имплементацијата на Европскиот кредит трансфер систем и два учебника за учениците од средното образование. Учествувала во и раководела со повеќе домашни и меѓународни научни проекти. Член е на меѓународните здруженија IEEE, ACM и IASTED. Од 2006 година ја извршува функцијата потпретседател на IEEE секцијата на Р Македонија. Член е на бордот на едитори на списанието INFORMATICA, интернационално списание за компјутери и информатика од Р. Словенија. Нејзините истражувања се фокусирани на областите: визуелизација на податоци, кориснички интерфејси, виртуелна реалност, медицинска информатика.
Рецензија - ЛИНК.Одлука за избор - ЛИНК