Post date:
23/09/2012
Почитувани,
објавен е Конкурс за упис на студенти во студии од втор циклус (магистерски) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во учебната 2012/2013 година, ќе трае од 20.09.2012 до 30.09.2012 година.
Кандидтатите за упис потребно е да ги достават следните документи:
- Пријавен лист за запишување
- Диплома за завршен прв циклус на студии
- куса биографија (CV)
- потврда за знаење странски јазик
- препораки од наставни или научни соработници (доколку има такви)
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
- документи за евентуални награди, признанија и други документи
Документите за упис се оставаат во општата служба на Факултетот, која што е лоцирана на приземје во деканатот на ФИНКИ (спроти зградата на Технолошко - металуршкиот факултет).