Почитувани,
 
објавен е Конкурс за упис на студенти во студии од втор циклус (магистерски) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во учебната 2012/2013 година, ќе трае од 20.09.2012 до 30.09.2012 година. 
Кандидтатите за упис потребно е да ги достават следните документи: 
  • Пријавен лист за запишување
  • Диплома за завршен прв циклус на студии
  • куса биографија (CV)
  • потврда за знаење странски јазик
  • препораки од наставни или научни соработници (доколку има такви)
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи

Документите за упис се оставаат во општата служба на Факултетот, која што е лоцирана на приземје во деканатот на ФИНКИ (спроти зградата на Технолошко - металуршкиот факултет).