Додипломски студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2018/19 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 30-ти и 31-ти август 2018 година (9:00 - 14.30 часот). Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 13-ти и 14-ти септември 2018 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 24-ти септември 2018 година.
 
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. 
 
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
 
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи
 
 
 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2018/2019 година ќе запише вкупно 1100 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
 
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Министерството за образование и наука, а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.