Документи за пријавување и запишување 
 
Пред пријавувањето  во  роковите  утврдени  со  Конкурсот,  секој  заинтересиран  кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.  Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.  Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите.  Во  предмет  (Subjekt)  на  електронската  пошта,  кандидатите  го  наведуваат  бројот  што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.  Во  прилог  на  приjавата,  треба  да  се  прикачат  (во  Attach  File)  скенирани  следниве документи:
  • пријавен лист за запишување; 
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV); 
  • потврда за активно познавање странски јазик; 
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив  на  примачот:  Трезорска  сметка-Скопје;  Банка  на  примачот:  НБРСМ;  Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви); 
  • список  на  стручни  или  научни  трудови  и  примерок  од  нив  (доколку  кандидатите имаат); 
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови  
  • две фотографии (3,5х4,5)