Потребни документи

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2017/18 година, при пријавувањето за запишување на ФИНКИ, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.