Услови

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2017/18 година, право на конкурирање на уписите имаат кандидатите кои ги исполнуваат следниве општи услови:
  • да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии;
  • да имаат освоено 240 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за едногодишни магистерски студии, односно да имаат освоено 180 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за двогодишни магистерски студии.