Родена е во 1988 година во Куманово. Додипломските студии ги започнала на ПМФ на Институтот за информатика, а дипломирала на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје во 2011 година на насоката софтверско инженерство со просечен успех 9.87, како најдобар студент во својата генерација. Добитник е на наградата „Златник“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „Инженерски прстен“ од Инженерската институција. Во 2012 година ја одбранила магистерската тема и се стекнала со научното звање магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство. Докторската дисертација ја одбранила во 2018 година под менторство на проф. Анастас Мишев на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
На Институтот за информатика при Природно математичкиот факултет во Скопје работи од 2010 година како демонстратор. Во 2011 година е избрана за демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а во 2017 година за асистент-докторанд. Во август 2018 година е избрана за доцент, а во мај 2023 е избрана за вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изведува/ла настава по повеќе предмети на прв и втор циклус меѓу кои и: Алгоритми и податочни структури, Софтверски квалитет и тестирање, Објектно-ориентирана анализа и дизајн, Вовед во компјутерски науки, Управување со процесот на тестирање на софтвер, Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси, Бази на податоци, Менаџмент на информациски системи, Софтверско инженерство.
Учествува/ла во над 25 меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти како млад истражувач, меѓу кои и на три како раководител. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено над 70 научни трудови во списанија и домашни и меѓународни конференции како автор и коавтор. Полињата на нејзиниот научен интерес вклучуваат: квалитет на софтвер, процесирање на биомедицински сигнали, биосензори и машинско учење.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК