На 12 мај 2018 година (сабота) со почеток во 11 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Главен акцент на отворениот ден ќе бидат новите студиски програми на ФИНКИ. Новите студиски програми се направени според ACM препораките и се најмодерните и најдобрите кои се нудат моментално во регионот од областа на комјутерското инженерство и информатичките науки. Затоа се повикуваат идните студенти на ФИНКИ да дојдат на настанот и да се запознаат со содржината и тоа што го нудат овие програми. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2. Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со нивните идни професори и постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање.. Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку интересна дружба на отворениот ден на ФИНКИ!

Ве очекуваме!

1