Министерството за финансии на Република Македонија во соработка со Фондот за иновации за првпат организира ФинХакатон. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат јавните финансии до граѓаните.
Датум: 6-8 Јули
Локација: Министерство за финансии
Предизвик: За 48 часа да се креира демо апликација, видеоигра, видео со цел да се
доближат јавните финансии до граѓаните
Учесници: Можат да се пријават учесници над 18 години, поединечно или како тим. Тимот може да содржи програмери,
веб-дизајнери, графички дизајнери, економисти, маркетери, монтажери
Големина на тим: До 6 членови (оние кои ќе се пријават поединечно ќе бидат распоредени во тимови)
Вкупен награден фонд: 1 500 000 денари, од Фондот за иновации и технолошки развој
(По креирањето на решението победниците формираат старт ап и аплицираат со Буџетот.
Решението по 60-90 дена за македонски пазар го добива МФ, но учесниците
можат да го пласираат на меѓународен пазар.)
Ментори: Надворешни-професионалци кои имаат искуства со старт-ап и хакатони, Внатрешни-вработени во МФ кои имаат
познавања од областа на јавните финансии
Во продолжение е линкот од информацијата за Хакатонот https://www.finance.gov.mk/mk/node/7303