м-р Стефан Андонов е роден 1997 година во Неготино, каде што го завршува своето основно и средно образование со континуиран одличен успех.
Додипломските студии на ФИНКИ ги завршува во 2019 со просечна оценка 9.38. Магистерските студии на смерот софтверско инженерство на ФИНКИ ги завршил во 2022 со просечна оценка 10.0 и одбрана на магистерскиот труд „Откривање на аномалии во логови со учење на репрезентација на графови“ под менторство на проф. д-р Ѓорѓи Маџаров. Во 2023 се запишал на докторски студии на ФИНКИ на насоката компјутерски науки и инженерство.
Своето прво работно искуство го стекнува во компанијата Elevate Global како инженер за податоци. Во март 2018 е избран за помлад демонстратор и изведувал лабораториска настава на ФИНКИ како лаборант на повеќе предмети на ФИНКИ. Во ноември 2019 година е избран во наставно звање демонстратор на ФИНКИ и изведува настава по предметите Стуктурно програмирање, Објектно-ориентирано програмирање, Напредно програмирање, Софтверско инженерство, Визуелно програмирање, Вовед во компјутерските науки, Криптографија и Рударење на масивни податоци. Во 2023 година е избран во наставно-научно звање асистент.
Полиња од негов научен интерес се вештачка интелигенција во ИТ операции (AIOps), машинско учење на графови, анализа и предвидување на временски серии, дистрибуирано процесирање на масивни податоци, софтверско инженерство и инженерство на податоци.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК