Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, и тоа:

 

      Три (3) извршители во Дирекцијата за информациска технологија на определено време во траење од 2 години, од кои:

  •       1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи;
  •       1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и
  •       1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.

 

      Три (3) извршители на неопределено време, од кои:

  •       1 извршител на работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија;
  •       1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и
  •       1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.

 

Крајниот рок за пријавување на кандидатите ќе биде заклучно со 4 август 2022 година.

Повеќе информации на следниот линк.

 

1