26/07/2022
Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, и тоа:
Три (3) извршители во Дирекцијата за информациска технологија на определено време во траење од 2 години, од кои:
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и
- 1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.
Три (3) извршители на неопределено време, од кои:
- 1 извршител на работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија;
- 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и
- 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.
Крајниот рок за пријавување на кандидатите ќе биде заклучно со 4 август 2022 година.
Повеќе информации на следниот линк.
1