Post date:
08/02/2023
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека од овој семестар во Iknow е пуштен во функција системот за наплата преку платежна картичка.
Онлајн плаќањата имаат банкарска провизија за безготовинско плаќање од 1,14% од оригиналната сума (минимална провизија 3,00 максимална 300,00 МКД). Кој сака да плаќа со картичка истото може да го стори согласно наведените услови погоре. Остануваат опциите за плаќање преку електронско банкарство и носење на уплатниците на шалтер во студентска служба и најскапото решение хартиени уплатници уплатени во банка и нивно носење на шалтер во студентска служба.
Со почит
ФИНКИ