05/11/2024
На ден 12.11.2024 со почеток во 11:00ч во амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи јавен настан со кој ќе се означи почетокот на проектот ChatMED - иницијатива посветена на трансформирање на медицинската експертиза преку иновативни решенија базирани на генеративна Вештачка интелигенција.
Проектот, чиј деталeн опис можете да го најдете на овој линк, има за цел да прикаже како генеративната Вештачка интелигенција може да го подобри квалитетот на медицинските услуги и да ги премости предизвиците со кои се соочуваат здравствениот и ИТ секторот во нашата земја. Ќе се фокусираме на тоа што е неопходно за да бидеме во чекор со светските трендови и како можеме, со соработка и иновации, да ја подобриме медицинската пракса.
Во рамки на настанот ќе се одржи:
- Презентација на проектот и неговите потенцијали,
- Низа презентации на сродни успешни решенија од страна на нашите партнери,
- Дискусија за тоа што недостига за да ја унапредиме медицинската пракса преку нови технологии,
- Коктел и мала изложба - можности за вмрежување.
За ваше учество, ве молиме пополнете ја следната форма. Вашето присуство ќе биде од особена полза за унапредување на соработката меѓу јавниот/приватниот здравствен сектор и научно-истражувачкиот ИТ сектор.
Очекуваме со нетрпение да ги споделиме визиите за иднината на здравството.
1