Примена на е-технологии
1. Општи информации
Овие студии ќе создаваат кадар кој ќе има знаење за алатките и принципите на раководење со проекти со значајно учество на информатичката технологија од една страна, но и примена на современи информатички алатки во процесот на управување со проекти или претпријатија од друга страна. Дипломците од овие студии кои ќе бидат способни да дадат поддршка на системите што во својата работа на апликативно ниво користат иновативни технологии. Примери за области кои ќе бидат од интерес за студентите се: е-Бизнис, е-Комерција, е-Здравство, е-Управување, е-Влада, е Образование, и други сродни области.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
Со завршени три годишни студии со 180 кредити: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока примена на е-технологии
Со завршени четири годишни студии со 240 кредити: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока примена на е-технологии
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии (Bachelor of Engineering), насока: Примена на е-технологии
2.2
Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки (Bachelor of Science), насока: Примена на е-технологии
3. Наставна програма
Тригодишните и четиригодишните студии според овие четири студиски програми (Студии за компјутерски науки и инженерство, Студии за мрежни технологии, Студии за примена на е-технологии и Студии за компјутерска едукација) влегуваат во една рамка на студирање.
Предметите што се нудат на студиите имаат тежина (ниво) 1, 2 и 3. Ниво 1 предмети се оние кои се нудат за прва и втора година на додипломски студии. Успешно запишување во трета година значи и положување на 20 предмети од ниво 1. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање. Ниво 2 предмети се оние кои се нудат во завршната година на додипломските студии и на магистерските студии. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање.