Мрежни технологии

1. Општи информации

Овие студии ќе продуцираат кадар наменет пред сé за дизајн и одржување на информациско - комуникациската инфраструктура во стопанството - со посебен акцент на компаниите кои во својата работа користат Интернет и други комуникациски инфраструктури. Покрај базичната инфраструктура, клучна точка на интерес ќе бидат сервисите на повисоките нивоа кои денес се нудат во светот.

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

2.1
Времетраење:
3 години (6 семестри)

Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока мрежни технологии

2.2
Времетраење:
4 години (8 семестри)

Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока мрежни технологии

 

3. Наставна програма

Тригодишните и четиригодишните студии според овие четири студиски програми (Студии за компјутерски науки и инженерство, Студии за мрежни технологии, Студии за примена на е-технологии и Студии за компјутерска едукација) влегуваат во една рамка на студирање.

Предметите што се нудат на студиите имаат тежина (ниво) 1, 2 и 3. Ниво 1 предмети се оние кои се нудат за прва и втора година на додипломски студии. Успешно запишување во трета година значи и положување на 20 предмети од ниво 1. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање. Ниво 2 предмети се оние кои се нудат во завршната година на додипломските студии и на магистерските студии. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање.
 

Courses: 
Semester:
Course Credits