Компјутерска едукација

1. Општи информации

Студиите се наменети за создавање на врвен кадар во областа на информатичкото образование, пред се во средните училишта. Ваквиот образован кадар е спремен да ги пренесе најновите информатички технологии на учениците, ќе овозможи повисоко ниво на познавање на информатичките технологии на сите средношколци, а ќе придонесе и да се подобри нивото на знаење на влез на идните студенти на студиите по информатика на универзитетите.

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

Титула: Дипломиран професор по информатикa

Времетраење: 4 години (8 семестри)

3. Наставна програма

Четиригодишните студии според овие четири студиски програми (Студии за компјутерски науки и инженерство, Студии за мрежни технологии, Студии за примена на е-технологии и Студии за компјутерска едукација) влегуваат во една рамка на студирање.

Предметите што се нудат на студиите имаат тежина (ниво) 1, 2 и 3. Ниво 1 предмети се оние кои се нудат за прва и втора година на додипломски студии. Успешно запишување во трета година значи и положување на 20 предмети од ниво 1. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање. Ниво 2 предмети се оние кои се нудат во завршната година на додипломските студии и на магистерските студии. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање.
 
Courses: 
Semester:
Course Credits