Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на адреста upisi-finki@ukim.edu.mk и дополнително прикачување на скенираните документи на последниот чекор во електронската пријава од iKnow-системот.
Во предмет (Subjekt) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
1. пријава за запишување од Универзитетот (образец А1, отпечатена од iKnow-системот, потпишана и скенирана)
2. електронска пријава од факултетот, интерен пријавен лист (отпечатена од iKnow-системот, потпишана и скенирана)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
- 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница или преку СМС)
- потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.